Ректорот на Универзитетот во Приштина, проф. д-р Марјан Дема и неговиот колега од УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика, истакнаа дека овој меморандум ја продлабочува соработката меѓу овие две важни високообразовни институции во академските и истражувачките области и се промовира мобилноста на вработените и студентите.
На оваа средба, ректорот на Универзитетот во Приштина беше придружуван од проректорот, доц.д-р Теута Пустина - Красниќи, додека Ректорот на УЈИЕ беше придружуван од проректорот за меѓународни односи, проф. д-р Блерим Река и неговиот извршен советник за односи со јавност и комуникации, доц. д-р Демуш Бајрами.
Ректорот Дика присуствуваше и на церемонијата за одбележување на годишнината, на која присуствуваше и претседателот на Косово, Хашим Тачи.
