Во рамките на соработката помеѓу Факултетот за јазици, култури и комуникација на УЈИЕ и Универзитетот за образование во Цуг, Швајцарија која започна во 2005 година заедно со програмата за мобилност на студентите имаше и два проекти за развој на автономијата на учениците. Во оваа насока, ФЈКК беше домаќин на втората работилница за автономија на учениците која се одржа во Кампусот на УЈИЕ во Скопје од 9-10 февруари, 2018 година. Главни теми кои се дискутираа на работилницата беа резултатите од алатката за само-евалуавција за автономија на учениците и понатамошниот развој на проектот за истражување.
Професорите од ФЈКК кои учествуваа на работилницата беа: Гзим Џафери, Зеќир Кадриу, Брикена џафери, Фатмире Весели, Сали Јусуфи и Арафат Шабани додека учесници од Универзитетот во Цуг беа: Силвиа Надиг, Криста Шерер, Андреа Лустенбергер и Сиња Балмар.
