“Најголемата потврда произлезе од надворешната меѓународна евалвација на универзитетот, спроведена од Асоцијацијата на европски универзитети (ЕУА – ИЕП), која преку усниот извештај потврди дека: „Универзитетот на Југоисточна Европа е успешен бренд, кој треба да се негува...“ забележа тој .
Во контекст на интернационализацијата, Ректорот Дика рече дека УЈИЕ оваа година реализираше околу 50 интернационални мобилности на нашите студенти и на академскиот кадар и Универзитетот на ЈИЕ е арена за дебата за тековните работи со меѓународните партнери. Ова се потврдува со многу јавни дебати со американскиот амбасадор; aмбасадорот на ЕУ; Франција; Германија, Италија, Холандија, Полска, Велика Британија; високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства. Овој дијалог со основачите на Универзитетов е потврда за нашата аспирација и за усогласување на нашите стандарди со меѓународните.
„Овој дијалог со основачите на Универзитетов е потврда за нашата аспирација и за усогласување на нашите стандарди со меѓународните“ кажа меѓу другото ректорот Дика.
Според ректорот , оваа година на УЈИЕ, 23% од студентите се запишале на студиски програми кои се нудат на англиски јазик. Дополнително, вредноста на Универзитетов и понатаму е призната и оваа година од државниот буџет.
„Така, финансиската одржливост продолжи да се обезбедува со поддршка и од државниот буџет со 10% финансирање на заедничките активности.Нашиов Универзитет и понатаму е најпродуктивниот во соработката со деловната заедница. Ова се реализира преку специјалистичките програми кои се спроведуваат директно со регионалните компании кои обезбедуваат студентски стипендии и преку Центарот за развој на бизнисот со реализацијата на проекти за зголемување на ефикасноста на компаниите“ истакна ректорот Дика.
