Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Професор Фарингтон: Потребна е пофундаментална ревизија на целите на универзитетското образование за да се подготват студентите за реалниот пазар

Претседателот на Одборот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), проф. д-р Денис Фарингтон во своето обраќање по повод 16-годишнината од основањето на УЈИЕ зборуваше за своето интересно меѓународно искуство во однос на развојот на виското образование во различни земји.

Тој патувал во голем број земји каде што побарал различни искуства за развојот на високото обрзование од министри, ректори и од истакнати професори.

За мојот дел, во однос на моите 24 години работа во Советот на Европа, во последните две години бев вклучен во различни земји како Ерменија, Андора, Молдавија, Црна Гора, Косово, Унгарија и секако тука во Македонија, истовремено зборувајќи со луѓе од 50 земји кои се претставени во Венециската комисија, Европската комисија за демократија преку закон, за работата на нерешеното прашање на Централно европскиот универзитет во Будимпешта“, рече проф. Фарингтон. Според него јасно е дека од сите овие разговори произлегуваат две клучни прашања за кои треба да се дебатира во Македонија и во Косово, бидејќи двете земји ги разгледуваат своите стратегии за високо образование и правните, финансиски основи и обезбедувањето квалитет врз основа на кои се гради успешен систем. „Ако, се разбира, нема промени, тогаш може да биде само прашање на време пред да се случат едната или двете работи: најдобрите студенти да ја напуштаат земјата за да студираат, или меѓународните универзитети сами да отвораат регионални центри. Она што сум сигурен дека сите сакате да го постигнете е студентите да останат во регионот во текот на студиите и после тоа. Инаку, како што велиме со идиомот на англиски, нашите универзитети се како мисирки кои гласаат за Божиќ (или за Thanksgiving ако сте од САД). Неопходно е да се остават на страна политичките разлики и да се концентрираме на иднината на нашата најдрагоцена вредност нашите деца“, забележа професор Фарингтон.

Тој оцени дека првото клучно прашање е врската помеѓу високото образование и брзото менување на работниот свет, со што ќе се елиминираат многу класични работни места во наредните години. „Темпото на промена е неверојатно брзо. 50 години, татко ми, како и многумина мажи од неговата генерација, седеше облечен во костум и со вратоврска во канцеларија и вршеше пресметки со ментална аритметика: кога се пензионираше во 1982 година, тој беше заменет со млади мажи со долга коса и ѕвонарки кои ги користеа првите компјутери за да го постигнат сето тоа во неколку минути; сега сите негови 50-годишни напори може да се повторат во милисекунди од роботи. Повеќето административни функции кои вклучуваат луѓе ќе исчезнат; многу веќе и исчезнаа. Во последниве неколку недели мојата влада ги објави на твитер инструкциите за сè што граѓаните сега можат да направат на своите веб-страници. Еден од најновите твитови е и начинот на добивање пасош, возачка дозвола или други важни документи, но и твит за тоа каде да се најдат прописи за шетање милениче свиња. Не дека јас ќе имам многу корист од тие прописи, но ја разбирате поентата“, рече претседателот на Одборот, проф. Фарингтон.

Тој рече и дека сега универзитетите мора да се справат со барањата на реалниот свет. Некои мали иницијативи можат да се преземат во рамките на постојните рамки, како што се интегрираните програми за образование развиени тука преку великодушноста на германската влада. „Барем тие ги подготвуваат студентите за реалниот свет како што е сега. Но, потребна е пофундаментална ревизија на целите на универзитетското образование за да ги подготвува младите за многу поинаков живот од оној што го доживеале нивните родители, баби и дедовци, за кои сигурен сум дека не поминувале многу време во шетање свињи“, забележа проф. д-р Денис Фарингтон.

Google+