Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот Дика: Се заблагодарувам на САД , ЕУ и ОБСЕ за нивниот голем придонес за основање на УЈИЕ

„Нашето искуство од оваа прекрасна соработка, помеѓу меѓународната заедница и локалната заедница, обезбедува отворена мултикултурна и мултијазична средина која ние ја негуваме. Отворањето на нашата култура и академската понуда за сите учесници преку иновации и знаење нѐ трансформираше сите нас – академскиот и административниот кадар на УЈИЕ – и нашите студенти. Ние сме сега динамична интелектуална средина, ги споделуваме вредностите и стандардите на заедничкиот високобразовен простор и сме убедени дека дури и во овие области можно е да се воведе иднината 4.0...“

„Пред шестнаесет години беше воспоставен овој важен бастион на високото образование - Универзитет на Југоисточна Европа (УЈИЕ), рече Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Замир Дика по повод 16 - годишнината на УЈИЕ . Според ректорот Дика, шестнаесет години е краток временски период за да се создадат големи историски настани, но во балканската димензија, успехот на нашиот универзитет е поврзан не само со образовните туку и со социо-политичките и културните параметри. Сепак, нашиот врсник е Болоњскиот процес - највозвишената реформа на високото образование во Европа; ние сме три години постари од Фејсбук; седум години постари од првиот ајфон; ние израснавме во ерата на технолошката револуција што овозможи глобализацијата да достигне незамисливи нивоа – каде што комуникацијата, мобилноста и слободниот пазар ги надминаа границите и отворија нова димензија на опсегот на универзитетите.

Во оваа прилика ректорот Дика се заблагодари на нашите меѓународни основачи, САД, ЕУ и ОБСЕ за нивниот голем придонес за основањето модел-универзитет во регионов. „ Јас сум благодарен што Одборот на Универзитетот во фокусот на стратегијата го стави стремежот кон унапредување на наставата преку интегрирање на поддршката на информатичките технологии. Нашето искуство од оваа прекрасна сорботка, помеѓу меѓународната заедница и локалната заедница, обезбедува отворена мултикултурна и мултијазична средина која ние ја негуваме.Отворањето на нашата култура и академската понуда за сите учесници преку иновации и знаење нѐ трансформираше сите нас – академскиот и административниот кадар на УЈИЕ и нашите студенти. Ние сме сега динамична интелектуална средина, ги споделуваме вредностите и стандардите на заедничкиот високобразовен простор и сме убедени дека дури и во овие области можно е да се воведе иднината 4.0...“, забележа ректорот Дика.

Заменик-премиерот на Владата на Р.М Хазби Лика изрази благодарност за важноста и улогата што УЈИЕ ја има во областа на високото образование во Македонија. „Многу дипломци од УЈИЕ се истакнати вработени во државните институции и во приватните компании“, рече заменик-премиерот Лика.

Претседателот на Одборот на Универзитетот проф.д-р Денис Фарингтон ја истакна посебната улога на УЈИЕ. „ Јас го информирав премиерот, дека повеќе не толерирам „ad hoc“ решенија. 17 години на „ad hoc'ery“ е доволно. Треба да признаеме дека овој универзитет e долгорочен и сега треба да се приклучиме во ревидираната структура на јавно финансирани универзитети, според договорен договор со кој се признаваат трошоците за обезбедување нови форми на високо образование на неколку јазици и се поставува прифатлива рамнотежа помеѓу јавното финансирање и студентските школарини. Сите знаете дека имавме некои идеи за тоа, и сè останува отворено за дискусија во атмосфера на соработка и добра волја. Јас ви го поставив предизвикот дека до времето кога ќе се сретнеме повторно за една година од сега, ќе направите значителен напредок кон таа реформа. Ви посакувам добро и како што велиме во Обединетото Кралство ‘Со задоволство ќе помогнам.’ Но, навистина ова е одговорност што сите ја имате младината, рече проф. Фарингтон.

На церемонијата беа присутни претставници од дипломатскиот кор во Македонија, ректори од универзитетите во Македонија и професори и студенти од УЈИЕ. Во оваа прилика беа доделени и посебни награди за особен придонес за унапредување на образвоните вредности на УЈИЕ. Така, награди за особен придонес добија Хедер Хеншоу, Норберт Маркс и Абдула Исламоглу. Цермонијата беше проследена со извонредна музичка изведба.

Google+