Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

На УЈИЕ се одржа Конференцијата за мултикултурализам и јазичен контакт

Истакнати европски и американски истражувачи, професори и научници се собраа на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово на 31 август 2017 година на меѓународната научна конференција „Мултикултурализам и јазичен контакт“. Конференцијата заеднички ја организираа Институтот за истражување на УЈИЕ „Макс ван дер Штул“ и Центарот за истражување за ареална лингвистика при МАНУ. Вториот ден на Конференцијата се одржа во просториите на Македонската академија во Скопје.

На Конференцијата поздравен говор одржа провостот на УЈИЕ, проф. д-р Ендру Гудспид, кој ги истакна мултикултурниот и мултијазичниот карактер на Универзитетот.

„Основањето на овој Универзитет во 2001 беше креативно решение за јазичниот проблем во високото образование во Македонија. Нашиов Универзитет останува посветен на мултијазичниот, мултиетничкиот и на мултикултурниот карактер кој многу јасно се поврзува со темите на оваа конференција“, истакна провостот.

Во своето пленарно обраќање, директорот на истражувачкиот центар „Макс ван дер Штул“, проф. д-р Ветон Латифи, рече дека се чувствува горд што Институтот беше во можност да овозможи собир на некои од најпознатите имиња во областа на мултикултурализмот и јазичниот контакт.

„Нашите студенти избраа да се запишат на нашиов Универзитет поради различни причини: поради квалитетот на високото образование; поради репутацијата, но и поради меѓународното присуство на наставниот и раководниот кадар. Знаеме и дека Универзитетот им е привлечен поради мултикултурниот концепт на високото образование кој е значителен и уникатен дел од нашата мисија при основањето“, забележа проф. Латифи.

Во името на Истражувачкиот центар за ареална лингвистика, Конференцијата ја поздрави директорот, проф. д-р Марјан Марковиќ. Тој истакна дека соработката меѓу двата истражувачки центра е конкретна и дека оваа конференција е резултат на остварливоста и успехот на таа соработка. Проф. Марковиќ се заблагодари на сите научници за нивниот придонес на форумот и за нивното често доаѓање од огромни далечини за да го направат тоа.

„Научната тема која се обработува денес за мултикултурализам и јазичен контакт е од посебен интерес за нас како Министерство за образование и наука и воопшто како владина коалиција. Тука, пред сè, се зема предвид високата општествена релевантност за ова прашање, кое ја одразува нашата мултикултурна реалност, особено образованието на младите генерации. Во духот на оваа реалност ние може да имаме многу позитивна улога“, истакна во своето излагање Висар Ганиу, заменик-министер за образование и наука на Македонија.

Г. Нинослав Василијевиќ, одговорен на Единицата за демократско управување и социјална кохезија на мисијата на ОБСЕ во Скопје, изрази желби за успех на Конференцијата и зборуваше за улогата на меѓународните организации во промоцијата на мултуикултурализмот.

Главен говорник на Конференцијата беше светски познатиот лингвист од Универзитетот во Чикаго, проф. д-р Виктор А. Фридман, кој ги презентираше научните аспекти на мултикултурализмот и билингвизмот. Преку студии на случај и преку истражувања проф. Фридман дошол до заклучок дека предавањето и употребата на повеќе јазици е корисно за луѓето во однос на практиката и на здравјето. Од изведеното истражување тој ги презентираше заклучоците дека билингвизмот и мултилингвизмот се пораспространети во светот отколку монолигвизмот.

Вториот ден, Конференцијата продолжи во Скопје каде што беа презентирани научни трудови и имаше и дискусија на тркалезна маса со која претседаваше проф. Фридман.

Google+