Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Стандарди, мотивација и квалитет на изведбата за успех

Од 23 до 25 август, академскиот и административниот кадар на Универзитетот на Југоисточна Европа учествуваа на сесиите за обука кои се одржаа во Банско, Бугарија.

Обуката имаше за цел ревидирање на тековните трендови на Универзитетот со цел да се одржат и развијат стандардите во областа на предавањето, административните услуги и грижата за студентите. Членовите на раководството на УЈИЕ, професорите и одговорните на администрацијата ги презентираа своите пристапи за подобрување на квалитетот преку дефинирање стандарди за академска и административна изведба. Вработените работеа во групи и ги дискутираа прифатливите стандарди базирани на инструментите за обезбедување квалитет и за чекорите кои треба да се преземат во оваа насока.

Некои од темите кои се обработуваа беа: Агенда за истражување: како да се подобрат истражувачките активности , презентација и дискусија; Промовирање на практичната примена на знаења за подобра подготовка за пазарот на трудот; Креирање на резултатите од учењето за стажирање по студиски програми – со обезбеден формулар; Мотивирање на студентите за присуство на час –стратегии, методи, техники; Односот меѓу докторандите и менторството – како да се постигне извонредност; Главен тест од областа на компјутерски науки: Детална алатка за оценување на резултатите на додипломски студии дизајнирана за мерење на критичкото знаење и разбирање добиено од студентите на програмата за компјутерски науки; Правилник за третиот циклус на студии итн.

Ректорот, проф. д-р Замир Дика во неговата презентација ја истакна важноста од достигнувањето на целите наведени во Стратегискиот план 2018-2020, кое има за цел регионално и меѓународно профилирање на Универзитетот и неговата специфичност како различен модел на високо образование во Македонија.

„Има различни тенденции во развојот на високото образование и во оваа насока во развојот на универзитетите , но ние мора да се развиваме , да бидеме одржливи и истовремено да имаме квалитет во предавањето и во образованието“ рече ректорот Дика.

Според него, технологијата се развива со големи чекори и ние сме сега на прагот на нов пристап, кој ги менува не само економските трендови туку и начинот на живот. Ние сме на прагот на технолошката револуција.

„Нашиот универзитет прави конкретни чекори да биде во хармонија со овие трендови и подготвен да ги достигне своите цели и мисијата“, истакна Дика.

Извршниот советник за квалитет, проф. д-р Вероника Карева и Канцеларијата за квалитет на УЈИЕ се погрижија за доброто изведување на обуката. Темите на обуката произлегуваат од процедурите за само-оценување, кои се завршуваат секоја година од сите вработени. Ова е шести пат како вработените на Универзитетот на Југоисточна Европа организираат заеднички обуки надвор од Кампусот на Универзитетот.

Google+