Нашиов Универзитет секогаш ќе поддржува и ќе промовира такви иницијативи, идеи и проекти кои имаат единствена цел, а тоа е развој на професионалното и научното знаење“, истакна ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика, на воведното излагање на промоцијата.
„Kога првпат ja имав книгата „Основи на дипломатијата“ в раце, која ја промовираме денес, реков, да, оваа книга треба да ја имаат сите студенти, сите истражувачи на албански јазик. Така се случи, а резултатот го гледаме денес во амфитеатарот. Дипломатијата е широко поле и за тоа имаат пишувано, истражувано и придонесено многумина автори, но мислам дека книгата на проф. Јазбец претставува оригинален придонес во дипломатијата, што ги надополнува и ги збогатува нашите универзитетски библиотеки во оваа област“, рече ректорот Дика.
Проректорот за меѓународни односи и поранешен амбасадор, проф. д-р Блерим Река, ја истакна важноста на книгата како извор на информации и практика за студентите по дипломатија, како и за другите научници на кои дипломатијата е дел од нивното истражување.
Проф. д-р Илбер Села го истакна своето мислење дека оваа книга е многу важна во областа на дипломатијата, но и дека има јасна методологија, лесна е да се разбере и може да послужи како важен извор на студиите по дипломатија.
Доц. д-р Демуш Бајрами ја истакна соработката која амбасадорот ја има со Универзитетот и издавањето на книгата „Основи на дипломатијата“ на албански јазик е доказ за тоа.
Авторот на книгата, амбасадорот проф. д-р Милан Јазбец рече дека се чувствува почестен за организацијата на овој настан од Универзитетот на Југоисточна Европа, без чија помош оваа книга можеби немаше да биде издадена.
„Јас се обидов да ја напишам книгата не само како учебник, туку и како практичен водич за тоа како треба да се воспостави и да се организира дипломатијата“, истакна проф. Јазбец.
Верзијата на албански јазик на книгата е објавена од Универзитетот на Југоисточна Европа.
