Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

На УЈИЕ се одржа Меѓународната конференција за реформите во правото и за антикоруптивните практики

На УЈИЕ се одржа Меѓународната конференција за реформите во правото и за антикоруптивните практики

„Ние сме одлучни да ги обработиме сите случаи и истите да имаат краен правен епилог“, рече Катица Јанева, главен обвинител од Специјалното јавно обвинителство на Македонија. Таа имаше излагање на Првата научна конференција во областа на правото и општествените науки на тема: „Реформите во правото и антикоруптивните практики: Предизвици, перспективи и трансфер на искуствата.“ Конференцијата се одржа на 30 јуни 2017 година во Кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Таа рече дека се чувствува привилегирано што присуствува на оваа конференција на овој Универзитет и дека е подготвена не само да присуствува, туку и да даде конкретен придонес заедно со институцијата и со тимот кој таа го води.

Проректорот за истражување на УЈИЕ, проф. д-р Ендру Гудспид, официјално ја отвори Конференцијата и рече дека ние како Универзитет сме горди на ова место и ја поздравуваме оваа конференција. Во кратките забелешки тој се осврна на корупцијата, истакнувајќи дека таа како рак метастазира каде и да се појави.

Конференцијата се одржа во организација на Правниот факултет од Универзитетот на Југоисточна Европа и Институтот за научно истражување „Макс ван дер Штул“ од овој Универзитет.

Деканката на Правниот факултет, проф. д-р Емине Зендели, рече дека целта на Конференцијата е да се соберат на едно место научници, истражувачи и другите релевантни фактори за да се осврнат на корупцијата која во Балканскиот регион пронајде многу плодна почва. „Главниот фактор во борбата со корупцијата е да се развие свеста кај сите за овој опасен феномен“, рече деканката Зендели.

Директорот на Институтот „Макс ван дер Штул“, проф.д-р Ветон Латифи, кој го започна своето обраќање со цитат од поранешниот заменик-претседател на САД Џо Бајден според кого: „Борбата со корупцијата не е само добро владеење, тоа е и патриотска должност“.
„Корупцијата уништува сè во државниот систем“, истакна Латифи


Ри Вудс, заменик-јавен обвинител во Амбасадата на САД во Скопје, зборуваше за искуствата од САД во борбата со корупцијата. Таа илустрираше случаи од борбата со корупцијата во различни држави во САД, како што се Тексас и Илиноис и други случаи во кои делувало главното јавно обвинителство.
„ Јас сметам дека борбата со корупцијата е многу важна и поради тоа сум денес тука во Македонија, да споделам некои искуства со вас“, рече Вудс.

Конференцијата на која модератор беше професорката Беса Арифи продолжи со делот за дискусија во текот на кој главниот специјален обвинител Јанева и заменик-јавниот обвинител Вудс одговараа на прашањата од учесниците и се одржа конструктивна дебата за борбата со корупцијата.

Google+