Во текот на април и мај во кампусот во Скопје, УЈИЕ беше домаќин на регионалниот и на националниот натпревар Spelling Bee 2017. 21 талентирани од цела Македонија добија награди од aмбасадоротна САД, Неговата Екселенција Џес Бејли. Oвогодинешниот натпревар беше предизвик за повеќе од 4.000 ученици од основните и средните училишта кои учествуваа во различни фази и категории на натрпреварот.
Беса Битиќи, директор на Јазичниот Центар и координатор на настанот им додели подароци на победниците и воедно прими Сертификат за Благодарност на име на УЈИЕ. Амбасадорот на САД, Џес Бејли, и директорот на Мировниот корпус во Македонија, Марк Ханнафин, го изразија своето задоволство од натпреварот и благодарност до Универзитетот на Југоисточна Европа за поддршката и придонесот што го дадоа за и во текот на целиот натпревар.
