Договорот има за цел продлабочување на соработката во областа на високото образование особено на акредитираните заеднички последипломски студиски програми помеѓу УЈИЕ и Универзитетот во Љубљана во областа на Европските студии. Покрај тоа, во договорот има одредба за распределба на стипендии од двете министерства кои се однесуваат на студентите кои ќе се запишат на овие студиски програми и по успешно завршување на студиите тие ќе добијат заедничка диплома од двата универзитети ,УЈИЕ и Универзитетот од Љубљана.
Ректорот на УЈИЕ проф.д-р Замир Дика изрази задоволство од потпишувањето на договорот кој ќе ја подобри и продлабочи веќе постоечката добра соработка помеѓу Универзитетот и релеватните министерства на Македонија и на Косово.
„Целта на програмата е дека ние како Универзитет заедно со нашиот партнер, Универзитот во Љубљана, да понудиме подготвен кадар за администрациите во земјите од регионот преку професионалните магистерски програми со цел да изградиме интегрирани капацитети доминирани од политичкиот консензус кој постои во регионов за ЕУ интеграција. Ние како Универзитет во оваа прилика даваме придонес преку оваа професионална програма“ рече ректорот на УЈИЕ, проф.д-р Замир Дика.
Министерот за образование и наука на Македонија, Пиштар Лутфиу ја истакна важноста од оваа соработка, истакнувајќи го квалитетот на наставата кој овој Универзитет го нуди.
„Оваа соработка ќе ги даде своите резултати, имајќи предвид дека УЈИЕ е водечки универзитет во регионов , особено кога се работи за Европски студии, каде што Македонија и регионов се заложуваат да се дел од Европската Унија и истовремено образовните институции се тие кои кои ги промовират европските вредности и им овозможуват на студентите да ги реализираат своите напори преку ваков вид на програма“, рече г.Пиштар Лутфиу.
Договорот го потпишан од министерот на МОНТ од Косово –проф.д-р Арсим Бајрами и ова министерство ќе ги поддржи со стипендии студентите од Косово кои ќе се запишат на програмата Европски студии. Тој истакна дека високо ја цени оваа соработка , која со овој договор се продлабочи повеќе и резултира со конкретни проекти.
„ Ова е многу важна програма за регионов, особено за Република Косово и за Република Македонија, оваа програма ќе овозможи обука и зголемување на капацитетите на кадарот кој работи во двете држави во процесот на интеграција . Ние ќе ја поддржиме оваа програма со тоа што ќе соработуваме со Универзитетот преку испраќање студенти кои се во јавна администрација , кои работаат на процесот на интегрирање во Европската унија“, рече проф.д-р Арсим Бајрами.
Вреди да се напомене дека има голем интерес за студирање на оваа програма од студентите кои имаат за цел да изградат кариера во Европската унија.
