Околу 60 професори по албански студии од Македонија, Косово, Албанија и од Грција учествуваа на научната средба. Настанот започна со поздравен говор од ректорот на УЈИЕ, проф.д-р Замир Дика кој ја истакна важноста на албанологијата како наука и нејзината улога во албанските општества. Потоа деканот на Факултетот за ЈКК, проф.д-р Гзим Џафери ги поздарви учесниците на Факултетот , одговорниот на Катедрата за албански јазик и литература проф.д-р Зеќир Кадриу даде тематски поздрав а исто така публиката ја поздравија и проф.д-р Бегзад Балиу од Универзитетот во Приштина како и проф.д-р Зеќирија Незири од Универзитетот „св.Кирил и Методиј“.
Клучниот говорник на пленарната сесија, проф.д-р Мустафа Ибраими одржа предавање на тема „Предизвиците на албанологијата и нејзината реинтеграција во иднина“. Понатмошните дискусии продолжија во три посебни сесии: јазик, литература и дидактика.
Организацијата на конференцијата беше на високо ниво благодарение на координацијата на д-р Мерал Шехаби и на другите членови на организативниот одбор. Средбата ќе се повтори и се очекува да привлече поголемо учество на втората средба која ќе се одржи во април 2018 година.
