Предавањето на Могерини се одржа по неколкуте состаноци кои таа ги имаше со државните лидери и лидерите на политичките партии во Македонија. Предавањето беше фокусирано на тековната политичка состојба во Македонија, но исто така таа се осврна и на неколку работи од регионален и меѓународен интерес.
На состанокот со Могерини, студентите поставуваа многу прашања за можноста Македонија да стане дел од Европската Унија и таа ги предизвика студентите да бидат вклучени колку што е можно повеќе во проектите на Европската унија.
