Извршниот советник за комуникација, доц.д-р Демуш Бајрами ја отвори формалната церемонија за одбележување на Денот на албанското училиште и Денот на наставниците . Во неговото обраќање тој забележи дека „ 7. Март е ден на богата историја за нашето образование, но како општество ние треба да се надоградуваме со постојана и развојна изведба. Поради тоа мисијата за 7 март продолжува да е релевантна до ден денес .“
Проф. Д-р Зеќир Кадриу, одговорен на Катедрата за албански јазик ја истакана потребата за да се направи разлика помеѓу првото институционално албанско училиште и првите почетоци на образованието на албански јазик. „Албанците дури и пред отворањето на првото албанско училиште – развија образовни активности, но отворањето на првото албанско училиште беше институционален чин со кој се одбележа почетокот на институционализацијата на образованието за Албанците, истакна тој.
На крајот на церемонијата, студентите од Факултетот за јазици, култури и комуникација изведоа рецитали од албанската поезија.
