„Албанската независност култивирана во колективната меморија на Aлбанците, дојде како логична последица на политичката платформа на албанската национална културна ренесанаса.
Знамето на независноста оваа година ја одбележува својата 104. годишнина , и на овој ден Албанците ги испитуваат процесите со кои се идентификуваат нивните потреби и аспирации за интеграција и за цивилизација “ рече Ректорот на Универзитетотна Југоисточна Европа (УЈИЕ) проф.д-р Замир Дика. Со неговите забелешки се отвори формалната церемонија за одбележување на Денот на Албанското знаме и независноста на албанската држава на 28 ноември. Според Ректорот Дика, Денот на знамето носи дух на емаципација и на динамизам.
Зборувајќи за важноста на овој ден, проф.д-р Зеќир Кадриу рече дека националното знаме бил предмет на обиди и модификации како што е додавањето на шлемот на Скендербег, ѕвездата на Давид и Комунистичката ѕвезда – но сите овие не успеваат да го сменат концептот на двоглавиот орел на црвена позадина. Ова историско знаме датира многу порано од денот на независноста во 1912, како што истакна проф.д-р Зеќир Кадриу.
Модераторот на церемонијата доц.д-р Демуш Бајрами рече дека „28 ноември многу подобро од што било друго ја издигна земјата на пиедестал на национални приоритети и ги направи Aлбанците интегрален дел од географскиот, историскиот и културниот в на Европа“.
Пред обраќањето, се прикажа сцена од филмот „Втори ноември“.
