„Иако многу го ценам ова признание, многу поважно е што ова е прослава на овој Универзитет и на духот на академската извонредност и меѓународната соработка. Она што не поврзува е нашата желба да разбереме што значи да си човек , да ја бараш вистината и да имаш храброст да ја искажеш вистината дури и тогаш кога можеби не е популарна или е предизвикана од гласови кои можеби се посилни од нашиот сопствен,“ рече лауреатот на доктор хонорис кауза на Универзитетот проф. д-р Јан де Груф.
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа проф. д-р Замир Дика рече декаУниверзитетот живее со ова посебност како резултат на неисцрпната енергија и духот на луѓето кој го сочинуваат, оние кои студираат, но и оние кои придонесуваат со партнерство и соработка.
„Патувањето 4.0 е на хоризонтот. Сега проектот 4.0 веќе е имплементиран за индустријата или проектот за „паметни фабрики“ базиран на трендовите на автоматизација и размена на податоци во технологијата. Доколку нашата аспирација е да ги задржиме младите тука и да создадеме функционални системи, ние треба да воспоставиме слични стандарди на живот како во Словенија, Хрватска, Австрија и насекаде. Веќе нема време за чекање! Ние, како Универзитет на Југоисточна Европа сме подготвени да го дадеме нашиот придонес. Ние секојдневно работиме за персонализирање на педагогиите за нашите студенти, поставувајќи ја дигитализацијата како приоритет, за зголемување на вклучувањето на студентите и на капацитетите на знаењето. Ние планираме да ги зголемиме студиските програми на англиски јазик и бројот на другите програми во соработка со меѓународни партнерски универзитети со цел да ја задржиме конкурентноста на пазарот на глобално знаење“ истакна тој.
„Денес луѓето понекогаш забораваат , или се можеби многу млади за да се сетат на огромниот финансиски придонес на луѓето од САД и Западна Европа за вашата држава за да се основа овој Универзитет, врз основа на нашите принципи. Јас, денот кога добивме факс од претседателот на САД кој одобри уште десет милиони донација го сметам како еден од оние денови кои не се забораваат. Претседателот Џорџ Буш , неговата земја и нашите други донатори имаа доверба во нас и ова е нивен универзитет колку што е и ваш. Ве молам да не го заборавате ова во месеците и годините кои доаѓаат,“ препорача претседателот на Одборот проф.д-р Денис Фарингтон.
„Нашиов Универзитет е прифатен за клучен играч во високото образование во Македонија и во регионов. Нашата оригинална мисија се разви во некои аспекти но ние остануваме посветени на принципите кои се поставени од нашите основачи. Еден клуч за нашиот успех е и отсуството од политика во управувањето и во владеењето. “ рече д-р Фарингтон.
Во оваа прилика на проф.д-р Муртезан Исмаили му беше доделана титулата ОПрофесор Емеритус за придонесот за Универзитетот.
Во согласност со традицијата на институцијата, а по повод годишнината на Универзитетот на вработените кои имаат 10 години редовен работен однос на свечена церемонија им беа доделени рачни часовници и сертификати за нивниот придонес за институцијата.
За уметничкиот дел на церемонијата беа ангажирани полифонската група од Елбасан, Албанија и хорот од Тетовскиот универзитет под диригентската палка на проф.д-р Арификмет Џемаили како и познат гудачки квартет од Скопје.
