Во оваа прилика, ректорот Дика изрази благодарност за поддршката која меѓународната заедница и ја дава на УЈИЕ.
„ Основањето на Универзитетот со помошта од меѓународните пријатели, ЕУ и САД, иницијативата на истакнатиот холандски дипломат Макс ван дер Штул стана реалност. Ние основавме модел на универзитет во регионов. Начинот на кој универзитетот функционира и влијанието кое го имаат нашите дипломци во општеството зборува за нашата продолжителна заложба за промоција на знаењето и на напредокот“ , рече ректорот Дика, кој додаде дека е благодарен што и по 15 години продолжува меѓународната поддршка за УЈИЕ.
По состанокот амбасадорот Пломп одржа предавање за студентите на УЈИЕ на тема „Македонија и ЕУ во пресрет на изборите“.
