Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Со искачување на врвот „Кораб“ започнаа активностите за одбележување на 15-годишнината од основањето на УЈИЕ

Пред неколку дена членовите на здружението на планинари на УЈИЕ се искачија на врвот „Кораб“ како дел од активностите за одбележување на 15-годишнината од основањето на УЈИЕ. „Кораб“ е еден од највисоките планински врвови во Источна Европа со надморска височина од 2764 м и се протега на границата меѓу Македонија и Албанија. Членовите на здружението на планинари на УЈИЕ, придружувани и од ректорот проф. д-р Замир Дика, ја пренесоа симболиката на овој јубилеј со поставување на знамето на Универзитетот на самиот врв.

Вреди да се спомене дека Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово започна со работа на 20 ноември 2001 година, иако историјата датира од порано – кога комесарот на ОБСЕ, неговата екселенција Макс ван дер Штул ја иницираше потребата од користењето на албанскиот јазик во високото образование во Република Македонија.

Изградбата на Универзитетот беше финансиски поддржана од меѓународни донатори како САД, земјите од ЕУ, Советот на Европа и земјите на ОБСЕ.

Врз основа на образовниот систем на Европскиот високообразовен простор (Болоњскиот систем), УЈИЕ го следи моделот на стандардизирани студии на неколку нивоа: прв, втор и трет циклус (3+2+3).

Google+