Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Членови на парламентарна комисија за образование од Косово го посетија УЈИЕ

На 28. септември, претседателот на парламентарната комисија за образование на Косово, Наим Хасани придружен од неколку члена од оваа комисија го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово.

Делегацијата ја пречека ректорот на Универзитетот проф. д-р Замир Дика, Проректорот за академски прашања, проф. д-р Лејла Абази и советникот на ректорот, Демуш Бајрами. Ректорот Дика во оваа прилика ги информираше членовите на собранието за академските и за истражувачките активности на УЈИЕ за 15 години на постоење.

„ Напорите на Универзитетот на Југоисточна Европа, особено на Одборот на Универзитетот се насочени кон осигурување меѓународни стандарди за квалитет на Универзитетот. Покрај локалниот и меѓународниот кадар, добредојдена е и поддршката од кадарот од меѓународните партнерски универзитети кои не водат во дизајнирањето студиски програми и ја одржуваат рамнотежата меѓу знаењето, вештините и компетенциите со цел нашите студиски програми да бидат на исто ниво како нивните“ рече ректорот. Тој продолжи забележувајќи дека продолжува битката за управување базирано на различност на културите и трендовите за мерење на изведбата и мониторинг. „ Академскиот и административниот кадар на универзитетот со посветеност и компетенции ги подготвуваат студентите со вештини релевантни за пазарот на трудот, образувајќи млади генерации кои имаат само-доверба, кои се храбри да се соочат со предизвиците, креативни но истовремено и отворени кон разликите и рефлективни и позитивни за очекуваните промени“ забележа тој.

Членовите на парламентарната комисија за образование на Косово беа задоволни од достигнувањата на Универзитетот на Југоисточна Европа и изразија подготвеност за продлабочување на соработката помеѓу високообразовните институции во Косово и УЈИЕ.

Google+