Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Претседателот на Одборот на УЈИЕ, Денис Фарингтон во образовна мисија во Молдавија и Придњестровие

Од 27 до 30 септември, претседателот на Одборот на Универзитетот, проф. д-р Денис Фарингтон со експерти од министерствата за образование на Литванија и Чешката република учествуваа на мисијата на Советот на Европа во Молдовија и Транснистрија ( Придњестровска Молдавска Република).

Целта на мисијата беше да се подготви извештај и препораки за генералниот секретар на Советот на Европа за образовните работи кои се однесуваат на долготрајниот проблем за користење на латинска азбука за романскиот јазик во сепаратистичката непризнаена „Република“ со контекст на одлуки од Европскиот суд за човекови права и препораки од високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ. Експертите се сретнаа со министри и високи службеници, амбасадорот на Германија, ОБСЕ, Советот на Европа и делагации од ЕУ во Молдавија и со дипломатска придружба ја преминаа оспорената граница за да го посетат „министерот за надворешни работи“ и училишта, главниот град на регионот во кој има значително руско воено присуство како и миротворните сили од Украина. Извештајот ќе биде готов до крајот на октомври.

https://ssl.gstatic.com/ui/v1/icons/mail/images/cleardot.gif

Google+