Од 27 јуни до 02 јули, претседателот на Одборот на Универзитетот, проф. д-р Денис Фарингтон, ја посети Ерменија и го продолжи своето учество на три проекта: прво Проектот на Советот на Европа: „Зајакнување на интегритетот и борба против корупцијата во високото образование во Ерменија“; второ проектот на Советот на Европа: „Законодавството за високото образование во Ерменија“ и трето: твининг-проектот на ЕУ и Ерменија: „Зајакнување на терцијарното образование во Ерменија за интеграција во европското високо образование". Последниот проект, раководен од фински и германски експерти, беше на покана од ДААД (Германска служба за академска размена). Во текот на посетата во Ерменија, како претставник на Советот на Европа, проф. д-р Фарингтон го заврши извештајот за етички кодекси, кој лично го претстави пред министерот за образование и наука на Ерменија, г. Левон. Потоа се одржа и конференција за печат. Д-р Фарингтон претседаваше и со работната група каде што се дискутираше за последниот предлог на новиот Закон за високо образование. Присутни беа и амбасадорите на ЕУ, Финска и на Германија. Продолжува работата за реформите во Законот за високото образование.
Претседателот на Одборот на Универзитетот, проф д-р Денис Фарингтон, ја посети Ерменија
2 јули 2016Во текот на посетата во Ерменија, како претставник на Советот на Европа, проф. д-р Фарингтон го заврши извештајот за етички кодекси, кој лично го претстави пред министерот за образование и наука на Ерменија, г-дин Левон.
Повеќе вести
- Иновациите, претприемништвото и дигиталната конкурентност во фокусот на конференцијата ISCBE 2026 во Валенсија
- УЈИЕ блесна во Тирана: Правниот факултет го освои третото место на натпреварот за симулирано судење „UniversityLawCompetition2026“
- УЈИЕ на Европскиот самит за ЕДИХ 2026 во Брисел
- 22-та генерација на УЈИЕ го прослави својот успех на Свечената церемонија на апсолвенти
- УЈИЕ ја промовираше сопствената платформа за вештачка интелигенција AI@SEEU
- Делегација на ИНОВА го посети Универзитетот на Југоисточна Европа и Технолошкиот парк
- УЈИЕ се потврдува како највисоко оценет универзитет во Северна Македонија во Times Higher Education Impact Rankings 2025