Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Министерот за екологија во посета на УЈИЕ

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика, и министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, Башким Амети, имаа работен состанок во средата (11 мај 2016).

Во текот на состанокот тие дискутираа за реализацијата на заедничките проекти во областа на еколошката заштита.

Ректорот Дика го информираше министерот Амети за напредокот на проектот за поставување самоодржливи мобилни уреди за мерење на квалитетот на воздухот во Тетово.

Министерот Амети рече дека УЈИЕ е сериозна високообразовна институција која со човечки и со научни капацитети прави конкретен придонес во областа на еколошката заштита.

Во текот на посетата на Кампусот на УЈИЕ во Тетово, министерот Амети заедно со ректорот Дика ја проверија практичната реализација на имплементација на одлуките во областа на: енергетската ефикасност, обновливата енергија, параметрите за следење на климатските промени и концептот на еколошка заштита.

Google+