Ректорот Дема го пречека неговиот колега од УЈИЕ проф. д-р Замир Дика. На состанокот присуствуваа ректорот емеритус на УЈИЕ, академик Алајдин Абази, советникот на ректорот за односи со јавност и комуникации, д-р Демуш Бајрами и заменик-ректорот на Универзитетот во Приштина проф. д-р Фатон Бериша.
Ректорот Дика истакна дека по петнаесет години постоење УЈИЕ успеа да изгради автентичен и оригинален профил преку создавање потребна инфраструктура за воспоставување научно истражување и трансформирање на истото во академска култура.
„Ние развивме бази на податоци за научно истражување и сега истражувачките профили и публикации на кадарот се појавуваат само со еден клик,“ рече ректорот Дика, додавајќи дека Универзитетот започна со имплементација на договори базирани на изведба и индивидуални планови за истражување за сиот академски кадар.
Ректорот Дема зборуваше за потребата од создавање заеднички модели на знаење за развој на изведбата за истражување. „ Јас ја поддржувам квалитативната соработка помеѓу универзитетите, особено кога се нудат нови можности за работа во заеднички проекти,“ истакна ректорот Дема.
