Саемот за кариера официјално го отвори ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика кој зборуваше за важноста на овој настан за студентите, за Универзитетот и за деловната заедница.
„Работодавците и оние кои бараат вработување – студентите на УЈИЕ и дипломираните – денес имаат можност да ја искористат секоја можност која им ја нуди овој саем на кариера“, истакна тој.
На отворањето беше присутен и министерот за образование и наука, Пиштар Љуфтиу, кој рече дека Универзитетот обезбедува образование во согласност со светските стандарди и поради тоа повеќето од успешните компании го бараат нивниот иден кадар на УЈИЕ.
Компаниите единаесет години добиваат висококвалификуван кадар кој дипломира на овој Универзитет и кои работаат на подигнување на квалитетот на работата“, истакна министерот Љуфтиу.
Саемот за кариера беше добра можност за студентите и за потенцијалните работодавци да дискутираат за можностите за вработување и за ангажирање на студентите како стажанти во нивните компании.
