Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ во фазата на дигитализација на учењето

Во академската 2016-2017 година Универзитетот на Југоисточна Европа ќе се запишат 1300 студенти, на трите циклуси на студии на три јазици, на сите пет факултети. Ова го објави Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика, на конференцијата за печат која се одржа во понеделник (18 април, 2016), на која тој ја презентираше студиската понуда на Универзитетот за следната академска година.

Според ректорот, целта на Универзитетот е подготовка на квалификувани дипломци кои се подготвени за пазарот на трудот и кои им се потребни на работодавците во земјава и пошироко. Новитет оваа година, како што истакна ректорот Дика ќе биде дигитализацијата на содржините и системот Гугл училница и предмети со комплетна он-лајн поддршка.


„Оваа година ние го објавивме Конкурсот за запишување нови студенти 16 додипломски студиски програми, 30 магистерски програми или студии од вториот циклус според моделите 3+2 и 4+1; и 12 докторски програми во рамките на докторската школа. Целта за оваа академска година е да се запишат 1300 студенти на три циклуси. Квалитетот и меѓународните стандарди се во центарот на академскиот живот во нашиов Универзитет. Новиот клучен збор за оваа академска година е дигитализацијата на содржините и педагошки адекватен приод за поддршка на студентите за стекнување на знаења, вештини и компетенции “, истакна тој.

Google+