На почетокот на овој месец беше организиран „Отворен ден на УЈИЕ“ на Кампусот на Универзитетот во Тетово. На овој настан имаше околу 1000 посетители. На овој настана учествуваа голем број заинтересирани матуранти и нивните членови на семејствата од Македонија, Косово, Албанија, Црна Гора, Прешевската Долина и од други места. Студиите на УЈИЕ во главниот град имаат друга културна димензија.
„Од моментот кога се одлучивме Кампусот на нашиот Универзитет да биде во објектот наречен „Мост“, на просторот кој ја спојува Старата чаршија со другиот дел од Скопје, сметавме дека тоа е дополнение на академската и научната мисија на УЈИЕ и претставува карактеристика на средина која обезбедува напредни стандарди на современото знаење. Различноста на „Мост“ не е само во јазичниот и културниот карактер туку и во архитектонскиот. Овој објект е лоциран во срцето на балканската архитектура која спојува бројни историски настани“, рече Демуш Бајрами, советник на ректорот Замир Дика. Тој го опиша Универзитетот како модерен со локални и со меѓународни професори. Училниците, амфитеатрите и лабораториите, објасни тој, се опремени со компјутери и обезбедуваат напредни услови за предавање и за учење.
„На УЈИЕ во Скопје се нудат над 25 студиски програми на трите циклуса на студии, распределени на пет факултети (Правен факултет; Факултет за бизнис и економија; Факултет за јавна администрација и политички науки; Факултет за современи науки и технологии; и Факултет за јазици, култури и комуникација). Студиите се организираат на албански, македонски и на англиски јазик. Стипендии се распределуваат во соработка со Министерството за образование, амбасадите и со компании со меѓународна репутација.
