Церемонијата на доделување награди на државниот натпревар во пишување есеи, која се организира четврта година по ред, во соработка меѓу Јазичниот центар на УЈИЕ, Здружението на професори по англиски во Македонија и Мировниот корпус, се одржа во петок, 4.03. 2016 во просториите на Мировниот корпус. На победниците им беа доделени сертификати од страна на американскиот амбасадор, неговата екселенција г-дин Џес Бејли
Беса Бутиќи го претставуваша Јазичниот центар на овој настан и им додели награди на победниците. Ученици од приватни и државни основни и средни училишта пишуваа есеи на тема: „Која е важноста на волонтаризмот во вашата држава и неговото влијание во светот?“
„Од посебна важност е тоа што се обединуваат луѓе од различни средини за да работат на заедничка цел. Волонтаризмот ги соединува луѓето. Тој промовира личен развој и верба во самиот себе. Секој може да придонесе, секој личен придонес се брои.“ – рече Беса Бутиќи во нејзиното обраќање до победниците и присутните гости.
