Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ го одбележа 7 март - Денот на албанското училиште

Во понеделникот, на свечена церемонија, на Универзитетот на Југоисточна Европа се одбележа 7 март – Денот на албанското училиште и на албанските наставници

„Јас вообичаено го започнувам говорот со поздрав до студентите, но денес прво ќе ги поздравам професорите кои имаат главна улога во образованието на младите генерации кон сеопфатен образовен и културен развој на нашето општество“, рече ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика. Тој забележа дека 7. е ден на богата историја за образованието, но како општество ние треба да се развиваме заедно со развојот на изведбата.„Поради тоа, мисијата за 7. е актуелна и денес. Ние ја разбираме оваа мисија како обврска на идните генерации да им дадеме квалификувани луѓе со знаења и култура. Ова е мисијата на УЈИЕ, прифатлив модел кој коегзистира со тенденцијата за образовен и културен развој и со потребите на пазарот на трудот за обучен кадар“, истакна тој.

Според д-р Демуш Бајрами „ние треба да го прифатиме фактот: дека во текот на своето постоење, од 1887,Албанското училиште претрпе многу промени со цел постојано да ги исполни и да ги задоволи барањата на современото образование“.

Проф. д-р Стефан Ќирици потсети за важноста на овој ден, посебно забележувајќи го придонесот на ренесансното семејство Ќириази. „На овој ден ние се потсетуваме на сите оние кои придонесоа и се жртвува за албанското училиште. Ние се потсетуваме на оние кои беа иницијатори на националното образование воопшто и особено на оние кои придонесоа за еманципација на албанската жена, како што е случајот со сестрите Ќириази и првото албанско женско училиште“, рече Ќирици.

Проф. д-р Зеќир Кадриу ја истакна потребата за правење разлика помеѓу првото институционално албанско училиште и првите почетоци на образованието на албански јазик. „Албанците дури и пред отворањето на првото албанско училиште ги имаа развиено образовните активности, но отворањето на првото албанско училиште беше институционален чин со кој се одбележаа почетоците на институционализацијата на образованието на Албанците“, рече тој.

Претседателот на студентскиот парламент и асоцијација на УЈИЕ, Арта Демирали, во својот говор се заблагодари на професорите и на кадарот за нивниот придонес. Таа истакна дека „ние треба да се чувствуваме посебни затоа што сме студенти на овој Универзитет“.

На оваа церемонија имаа изведби студентите од Катедрата за меѓународни комуникации на УЈИЕ, студентите од училиштето Вудроу Вилсон во Тетово и гудачкото трио од Универзитетот во Тетово.

Google+