Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студенти од Франција, Шведска и од Хрватска преку програмата Еразмус + студираат на УЈИЕ

Студенти од Франција, Шведска и од Хрватска преку програмата Еразмус + завршуваат еден семестар на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Овие меѓународни студенти го избраа УЈИЕ за Универзитет на кој ќе ги продолжат студиите како дел од програмата за размена на ЕУ - Еразмус+. Со оваа програма се овозможува мобилност на студентите од европските универзитетски партнери и УЈИЕ е горд што е дел од овој меѓународен проект.

Студентите Леа Фрикот и Агата де ла Росери (од Франција) и Елена Ружиќ и Звонимир Јардас (од Хрватска), ќе го поминат летниот семестар од академската 2015-2016 година на Факултетот за јавна администрација и политички науки. Студентот Викторија Кнустон од Шведска ќе го помине летниот семестар од академската 2015-2016 година како и зимскиот семестар од академската 2016-2017 година на Факултетот за бизнис и економија.

Под покровителство на програмата Еразмус+, 80 студенти од УЈИЕ завршија семестар во престижни универзитети во Европа, како што се Универзитетот во Бамберг, Лунд, Виена, Љубљана и други истакнати универзитети.

Google+