На формалниот прием, студентите од прва година ги поздрави ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика, кој зборуваше за посебноста да се биде студент на Универзитетот на Југоисточна Европа“.
„Вие ќе се чувствувате посебни како студенти бидејќи ќе ве учат најпосветените професори и академски работници кои се обучени да ви овозможат да стекнете знаења и компетенции, користејќи ги најсовремените методологии на учење, ќе ве насочат, ќе ве водат, ќе ве советуваат, ќе ви помагаат да се усовршувате систематски во текот на вашите студии. Вие ќе бидете посебни затоа што ќе ги имате најсофистицираните електронски и административни услуги во регионов. Тие се креирани за да одговараат на вашиот динамичен стил на живот со високо ниво на интерактивност“, рече ректорот Дика.
На првиот ден на почетокот на академската година беше присутен и претседателот на одборот на универзитетот проф. д-р Денис Фарингтон.
Студентите од прва година ги поздрави и провостот проф. д-р Ендру Гудспид кој на студентите им даде корисни совети.
„Забавувајте се, работите напорно и барајте помош секогаш кога ви е потребно и уживајте во различноста која УЈИЕ ја нуди. Наша цел е да ве научиме, не што да мислите туку како да мислите. Образованието е вашиот клуч за иднината бидејќи работите многу бргу се менуваат. Кога јас бев на ваша возраст немаше мобилни телефони, гугл воопшто не постоеше и Германија беше поделена во две држави“, рече провостот Гудспид.
Арта Демирали, претседателката на студентскиот парламент им потврди на новите студенти дека оваа асоцијација секогаш ќе ги поддржи студентите. Таа забележа дека заедно се соочуваме со многу предизвици, но исто така имаме и многу можности.
Во текот на ориентационата недела студентите ќе се запознаат со инфраструктурата на Универзитетот, тие ќе ги добијат своите студентски ИД картички; ќе го креираат распоредот и ќе се запознаат со советниците за студентите и со администрацијата на Универзитетот. Студентите ќе се запознаат и со службите на Универзитетот, како што се: Студентската служба, Службата за ИТ, Библиотеката, Центарот за кариера и администрацијата на одделните факултети на кои ќе студираат.
