На средбата, ректорот Дика го информираше амбасадорот Атхаузер за новите случувања во Универзитетот и за интегрирањето со главните текови на модерното високо образование.
„Универзитетот со сиот свој капацитет е насочен кон универзитетското истражување, приклучувајќи се кон трендовите на универзитетите во Европа и САД", рече ректорот Дика.
Ректорот Дика ги нагласи и ваќноста на интегрираните програми со практика според германскиот модел како и напорите кои се прават за спроведувањето на овие програми од германскиот експерт Норберт Маркс, кој и беше присутен на овој состанок. На средбата присуствуваа проректорот Блерим Река и советникот на ректорот Демуш Бајрами.
Атхаузер ја пофали работата на овој универзитет, охрабрувајќи го ректорот да продолжи со планираните активности за понатамошен развој на Универзитетот.
По средбата, германскиот амбасадор направи прошетка низ Кампусот, каде што се запозна со инфраструктурата и со инвестициите на меѓународната заедница на Универзитетот.
