Целта беше да се дебатира за наследството на Магна Карта и да се процени како регионот од Западен Балкан може да ги искористи како придобивки во демократскиот развој.
„Контекстот е многу важен. Ние го проучуваме наследството од Магна Карта денес во контекст на дефицит на демократија и во однос на предизвиците на владеењето на правото во овој мал дел на Европа – но тоа е и област која е богата со историска и културна различност“, рече ректорот проф. д-р Замир Дика“.
„Магна Карта не е само документ, тоа е прецизирање на повеќе вредности на цивилизацијата“. Никому не може да му се одземе правото на слобода, секоја личност има право на фер судење, владеењето на правото мора ригорозно да се поддржува, никој не е над законот ниту владетелот ниту владата“, рече амбасадорот на ОК во Македонија, НЕ Чарлс Гарет.
„Симболиката на Магна Карта има моќно значење за Американците во нивната борба за независност. Би сакал да ве поттикнам сите да го дадете своето мислење на оваа тема преку споредба на минатото и времето кога се подготвуваше овој документ“, рече амбасадорот на САД во Македонија, НЕ Џес Бејли.
Министерот за правда во Република Македонија, Аднан Јашари изрази задоволство за поканата да учествува на оваа важна конференција. „Ние како министерство се обидуваме да имплементираме повеќе од принципите на Магна Карта иако сèуште има многу пречки“, рече тој.
Претседателот на Одборот на Универзитетот, проф.д-р Денис Фарингтон, се заблагодари на сите кои го поддржаа овој настан и на сите кои беа вклучени во организацијата на оваа меѓународна конференција. „За нас Англичаните, Магна Карта е од посебно значење. Таа тече со нашата крв“, рече проф. Фарингтон.
Директорот на Институтот за научно истражување на УЈИЕ „Макс ван дер Штул“ - проф. д-р Ветон Латифи - ја истакнаа улогата на институтот кој тој го води во промовирање на истражувањето и проучувањето на темите како што е и темата на конференцијата.
