Деканот на Факултетот за бизнис и економија проф.д-р Стефан Ќирици рече дека оваа конференција за прв пат ги спои студентите и сопствениците на компаниите да ги анализираат посебните состојби во одредените компании. „Студентите подготвија обемна и детална работа преку анализа и давање конкретни примери за развојот на идните стратегии за изведбата на компаниите“, рече деканот Ќирици.
Менторот на групата студенти проф. д-р Изет Зеќири рече дека студентите анализираа многу компании и дадоа конкретни идеи за идниот развој . „Во текот на работата студентите беа надгледувани и во одредени ситуации тие добиваа соодветни инструкции и нивните резултати се конкретни “ рече проф. Зеќири.
На конференцијата студентите презентираа 17 труда од 60 вкупно доставени стратегиски анализи.
