Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот Дика учествуваше на Европската министерска конференција во Јереван, Ерменија

Ректорот Дика учествуваше на Европската министерска конференција во Јереван, Ерменија

Во рамките за Европската министерска конференција која се одржа во Јереван, Ерменија од 14-15 мај 2015 година се подготви Извештај за имплементација на Болоњскиот процес.

На конференцијата учествуваа министри од 47 држави од европскиот високообразовен простор и ректори од разни универзитети. Тие се согласија за заедничките идни приоритети на Европскиот високообразовен простор. Ректорот на Универзитетот ан УЈИЕ проф.д-р Замир Дика учествуваше на конференцијата.

Извештајот обезбедува слика за состојбата на имплементација на Болоњскиот процес преку различни перспективи и користење на податоци од првата половина на 2014 година. Во извештајот се наведени квалитативни информации и статистички податоци и се покриени сите главни аспекти на реформите во високото образование кои целат кон добро функционирање на Европскиот високообразовен простор.

Земјите се соочуваат со многу различни контексти при имплементацијата на нивните високообразовни политики.Големината на студентската популација е многу различна во Европскиот високообразовен простор и ги одразува демографските карактеристики на секоја од земјите. Земјите од Европскиот високообразовен простор прикажуваат мешана слика при примента на вкупната студентска популација во текот на периодите во кои се определуваат клучните пресвртници на Болоњскиот процес.

Google+