Универзитетот на Југоисточна Европа успешно ги реализира целите за интернационализација на Универзитетот. „Интернационализацијата е нашата цел и нашата конкурентна предност, особено изразена преку максимална реализација на програмата Еразмус+“, рече ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика.
Во согласност со овие цели, канцеларијата за меѓународни односи во соработка со Факултетот за јавна администрација и политички науки – тековно реализира посети на двајца меѓународни професори во рамките на програмата за академска размена – „Мобилност на кадарот преку Еразмус“. Посетите се во април и во мај.
Доц. д-р Ана Бојиновиќ Фенко, професор по меѓународни односи и европски студии, професор од Универзитетот во Љубљана, Словенија предаваше на Факултетот за ЈАПН од 27 април до 01 мај 2015 година и од 03 до 7 доц. д-р Севен Ердоган, професор по меѓународни односи од Универзитетот „Реџеп Таип Ердоган“ , Турција ќе одржи предавања на истиот факултет.Универзитетот на Југоисточна Европа е почестен со присуството на овие двајца истакнати професори во нашата заедница.
