Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Поетска манифестација во УЈИЕ

Поетска манифестација во УЈИЕ

На Универзитетот на Југоисточна Европа, во Тетово на 24-ти април поезија читаа истакнати поети, членови на Асоцијацијата на писателите на Македонија. На отворањето на манифестацијата зборуваа советникот на ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Демуш Бајрами и претседателот на Друштвото на писателите на Mакедонија Веле Смилевски.

Пред студентите и љубителите на литературата поезија читаа повеќе поети, членови на ДПМ и други: Ресул Шабани, Олга Арбулјевска, Санде Стојчевски, Славица Дабевска Кировска, Јусуф Едип, Братислав Ташковски, Кочо Топузоски, Христо Петрески, Делвина Керлуку, Стојан Тарапуза, Весна Ацевска, Раде Силјан, Сеида Бегановиќ, Веле Смилевски, Елена Пренџова, Миле Јовановски Поречанец, Адем Абдулау, Оливера Доцевска, Паскал Гилевски и Александар Поповски.

Google+