Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Елхаида Дани пред студентите и вработените на УЈИЕ ја промовираше песната за Евровизија 2015

Претставничката на Албанија за натпреварот за песна за Евровизија, Елхаида Дани, во вторникот (28. април 2015 год.) на Универзитетот на Југоисточна Европа, пред студентите и вработените на УЈИЕ ја промовираше својата песна за Евровизија 2015.

Во оваа пригода, Универзитетот на уметничката од Албанија и врачи признание за придонес во афирмацијата на вредностите на Универзитетот и на албанската музика воопшто. Признанието и го врачи проректорот Ендрју Годспид.

„Јас ќе ве претставувам сите вас и ќе пеам со овие емоции, бидејќи секогаш кога ќе дојдам на Универзитетовимам посебно чувство , како што е посебен и вашиот Универзитет“, рече Елхаида.

Елхаида Дани ја изведе песната со која ќе се натпреварува на Евровизија „I’m Alive.“ Таа остави дополнителен впечаток кога испеа рефрен од својата песна и истовремено свиреше на пијано .

Google+