НЕ Бејли беше примен од ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика и од членовите од Извршниот тим на ректорот.
Ректорот Дика го информираше амбасадорот Бејли за мисијата на УЈИЕ, за досегашните достигнувања и за идните предизвици на универзитетите воопшто a особено за УЈИЕ во текот на четиринаесет години постоење.
На овој состнок амбасадорот Бејли ја потвтрди претходната плодна соработка меѓу УЈИЕ и Амбасадата на САД во Скопје и американските универзитети особено со Универзитетот во Индијана.
Во текот на посетата, амбасадорот Беjли оствари средба со членовите на кадарот на УЈИЕ кои се алумни од американските програми за академска размена.
