„Од практиката до теорија: патување за воспоставување мир во ОН од Ел Салвадор до Гватемала и од Кипар до Косово“ беше темата на предавањето на одговорниот на УНДП за Косово, Ендру Расел во петок (6.март) пред студентите на магистерски студии по дипломатија на УЈИЕ во Скопје.
Г. Расел го посети Кампусот на УЈИЕ во Тетово и оствари средба со ректорот, проф. д-р Замир Дика. Тие дискутираа за можностите за взаемна соработка на нашиот универзитет со УНДП која е во интерес и на двете страни.
