Во рамките на меморандумот се планира продлабочување на соработката помеѓу Општина Тетово и Институтот за животна средина и здравје на УЈИЕ за целосна реализација на “Акциониот план за одржлива енергија”.
Акционен план предвидува реализација на Студијата околу емисијата на загадувачки гасови, како што се: јаглерод моноксид (СО) и јаглерод диоксид (СО2). Емпириските резултати ќе помогнат во креирање на политиките и превентивните мерки против загадувањето на воздухот.
Овој Акционен план ќе се реализира oд стручни лица од оваа област, а со цел во блиска иднина на граѓаните на Тетово да им се овозможи почист воздух.
