Во неговиот поздравен говор , ректорот Дика забележа „ Во оваа нестабилна и економски тешка средина во регионов – и дури и во сферата на високото образование – ние продолжуваме да ги промовираме вистинските вредности на високото образование, преку одржување нивоа на споредливост со академските, истражувачките стандарди на Европските и на Американските универзитети. Со помош на основачите, САД и ЕУ ние секогаш го негувавме меѓународниот карактер на универзитетот. Со следење на најдобрите практики во оваа област со препознавање на препораките и на барањата на пазарот на трудот и на општество, преку дизајнирање студиски програми за идните дипломци во регионов , ние може да им служиме на оние кои сакаат да се здобијат со вештини, знаења и компетенции за да ги исполнат барата на интегрираниот пазар и на конкуренцијата која постојано се менува. Иницијативите за обезбедување квалитет (и инструментите за нивно мерење ) се во постојан процес на подобрување и ние продолжуваме да ги прилагодуваме технологиите на предавање, учење и формирање вештини во овие простории . Ние исто така го развиваме кампусот на универзитетот во однос на долгорочната цел да станеме првиот еко-кампус во регионов на Југоисточна Европа“ .
Албанските членови на собранието ја истакнаа нивната институционална поддршка за продлабочување на соработката помеѓу УЈИЕ и универзитетите и образовните институции во Република Албанија.
