Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се потпиша меморандум за соработка помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и Универзитетот во Митровица „Иса Болетини“

Се потпиша меморандум за соработка помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и Универзитетот во Митровица „Иса Болетини“

Универзитетот на Југоисточна Европа и Универзитетот во Митровица „Иса Болетини“ ќе соработуваат во областа на научното истражување, создавање заеднички работни групи од кои се очекуваат конкретни резултати . Ова е еден сегмент од договорот за соработка кој се потпиша во среда (10. декември 2014) од ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика и ректорот на Универзитетот во Митровица, вон.проф.д-р Алуш Мусај.

„ Нашиот универзитет има многу области во кои може да пренесе искуство и експертиза и од друга страна, Универзитетот во Митровица иако релативно нов има долго искуство и е специјализиран во инженерство затоа што тие постоеја како дисперзиран факултет на Универзитетот во Приштина“ рече ректорот Дика.

„ Ние го сметаме УЈИЕ за реномиран и искусен универзитет, но исто и за универзитет кој е многу сличен на нашиот универзитет во однос на профилот на факултетите и во однос на областите на истражување. Поради тоа потпишувањето на договорот го сметаме за важен чекор за нашата понатамошна соработка, “ рече ректорот на Универзитетот во Митровица „ Иса Болетини“, проф. Мусај.

Google+