Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Предавање од Амбасадорот на САД Пол Д. Волерс – УЈИЕ е уникатна институција во Македонија

„Секогаш е задоволство кога доаѓам на овој Универзитет и се сретнувам со студентите, професорите и кадарот воопшто“, рече амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Д. Волерс на предавањето кое го одржа во вторник (25/11/2014) на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Предавањето на амбасадорот Волерс се реализираше во рамките на циклусот Серија дипломатски предавања организирани од Научниот институт Макс ван дер Штул на УЈИЕ.

„Овие денови вие ја прославивте 13 годишнината од вашето основање и во оваа прилика сакам да ви честитам на вашето достигнување. Во САД оваа недела е Денот на благодарноста, кога Американците ја изразуваат нивната благодарност за достигнувањата и за среќата воопшто.Вие, драги студенти треба да бидете благодарни за можноста која ја имате да студирате на оваа уникатна институција каде што имате еднаква можност да студирате на албански, на англиски и на македонски јазик.“, рече амбасадорот Волерс.

Зборувајќи за политичките развои во Македонија тој ја изрази важноста од вклучување на сите стејкхолдери за доброто на земјата. Во овој контекст секоја индивидуа треба да се запраша себе си што направила лично за да ја постигне целта. Тој рече дека сите треба да бидат еднакво третирани. „ Кога државата ќе обезбеди еднаков третман за сите етнички, религиозни и други социјални групи , тогаш државата може да бара од нив да бидат лојални“, рече Амбасадорот Волерс.

На крајот од предавањето , за време на сесијата за прашања и одговори студентите и амбасадорот ги дискутираа тековните политички и образовни развои во Македонија.

Google+