Д-р Марк Л.Ласер виш правен советник во правниот сектор на амбасадата на САД на 21 ноември одржа предавање на тема „Новиот Закон за кривична постапка и акузаторниот систем“ пред студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа.Предавањето беше организирано под покровителство на претседателот на Одборот проф. д-р Денис Фарингтон . Ова е особено навремено затоа што новата процедура со која се промовира Законот за кривична постапка е акузаторната процедура и реформите во Кривичниот закон се имплементираат по примерот на кривичната постапка на САД.
Д-р Ласер ги објасни главните принципи на акузаторната кривична постапка и нејзиниот развој.Тој исто така зборуваше за посебните улоги на процедуралните странки и на судијата.Според него, главната цел на овој вид кривична постапка е да се осигури дека невините лица нема да бидат осудени . Тој ја цитираше познатата изрека „подобро десет виновни лица да бидат пуштени на слобода отколку да се осуди едно невино лице“. Д-р Ласер го истакна фокусот на акузаторскиот систем а тоа е процедураланта правичност и „еднаквоста на оружјата“.
Проф. Фарингтон даде некои коментари за овој Закон (кој стапи во сила во декември 2013),додека про-ректорот за академски работи и професорот поКривично право, проф. д-р Исмаил Зејнели го истакна фактот дека претставува радикална промена во кривичната постапка во Македонија,која до сега беше инквизиторна а сега се воведува акузаторниот систем кој е карактеристика на земјите со Англо-Саксонски систем.
На предавањето беа присутни студенти, судии, обвинителите, адвокати и други вработени во сферата на правото.
Овој состанок беше многу важен затоа што се продлабочи соработката помеѓу Правниот факултет и Правниот сектор при амбасадата на САД,кои се подготвени да му помогнат на Универзитетот за практично правно образование.
