“Таканаречениот демократски дефицит на Европската унија, според одредени критички осврти и мислења е резултат или пак последица на разликите помеѓу нивото на интеграција на ЕУ од една страна и демократските квалитети на политичкиот систем од друга страна. Демократскиот дефицит, меѓу другото се рефлектира и во недостаток на поврзаност меѓу граѓаните со институциите и политиките на ЕУ, а тоа делумно се објаснува со фактот дека се работи за атипичен политички систем, каде не важат истите категории како на национално ниво. „Лисабонскиот договор значително ја зајакна и улогата на националните парламенти, кои сѐ повеќе се директно поврзани со граѓаните преку пратениците”, беше речено меѓу другото на научниот форум посветен на „Демократијата во ЕУ и улогата на националните парламенти" (Scientific Forum EU Policy Dialogues: Democracy in the EU and the Role of National Parliaments), кој се одржа во петокот (21. ноември) на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје. Говорници на овој научен форум беа: доц. д-р Снежана Васиљевиќ од Универзитетот во Загреб, д-р Гордана Силјановска-Давкова од Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ -Скопје и проф. д-р Абдула Азизи, доц. д-р Миранда Сабриу - Беџети и докторандДемуш Бајрами од Универзитет на Југоисточна Европа.
Во име на организаторите: проф. д-р Ветон Љатифи од Институтот „Макс ван дер Штул“ на Универзитетот на ЈИЕ, проф. д-р Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики и Сандра Kолачкова од Фондацијата Конрад Аденауер.
