Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, оствари средба со амбасадорката на Норвешка, Кристин Мелсом

Денеска, на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), ректорот проф. д-р Садудин Ибраими оствари официјална средба со амбасадорката на Кралството Норвешка, Н.Е. Кристин Мелсом. Оваа средба послужи како важна платформа за разговор за новите можности за академска соработка и за зајакнување на институционалните врски меѓу УЈИЕ и Норвешка.

На средбата присуствуваше и амбасадорот на Северна Македонија во Кралството Норвешка, Н.Е. Дритон Кучи и Советничката за односи со заедницата и меѓународните односи на УЈИЕ, проф. д-р. Беса Арифи.

За време на разговорот, ректорот Ибраими и амбасадорката Мелсом ја истакнаа важноста на размената на образовни искуства и реализацијата на заеднички проекти кои го унапредуваат квалитетот на научното истражување и образованието.

Посетата на норвешката дипломатка се совпадна со одржувањето на Симпозиумот на библиотекари, значаен настан организиран од Универзитетската библиотека „Макс ван дер Штул“ при УЈИЕ, во соработка со Асоцијацијата на библиотеки на Норвешка.

Google+