Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа Меморијалниот турнир во футсал „Арбен Џафери’ во УЈИЕ

Се одржа Меморијалниот турнир во футсал „Арбен Џафери’ во УЈИЕ

„Добро подготвен со Европски идеи, Арбен Џафери се истакнуваше со неговата безрезервна заложба на политичките и на културните движења во негово време. Сериозноста и заложбата на Арбен Џафери се манифестираше во конкретни проекти со кои се воспоставијапрограматични модели на културна и политичка филозофија со национална човечка основа. Времето кога се основаше Универзитетот на Југоисточна Европа се совпаѓа со драматичниот период на социјални и политички развои во Македонија. Арбен Џафери кој беше еден од најважните фигури со политичко влијание во тоа време беше клучен придонесувач во основањето на Универзитетот на Југоисточна Европа. Тука јас исто така морам да ја споменам улогата на меѓународната заедница особено на ЕУ и на САД без чија помош немаше да ја имаме оваа високообразовна институција“ , рече проф. Демуш Бајрами, советник на ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа проф. д-р Замир Дика. Со говорот се одбележи церемонијата за отворање на традиционалниот меморијален турнир во футсал „Арбен Џафери“, кој за втор пат се организираше на Универзитетот на Југоисточна Европа – Оддел за спорт.Треба да се истакне дека турнирот се организира во рамки на активностите со кои се одбележува 13. годишнината од основањето на оваа високообразовна институција во Македонија.

На овој спортски настан оваа година учествуваа следниве тимови: Националниот тим на Косово, Националниот тим на Албанците во Македонија,ФК Шкендија и тимот домаќин „Универзитетот на ЈИЕ“.

Google+