Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

На УЈИЕ се одбележа Денот на Албанската азбука

Во среда на 19. ноември 2014 година, на Универзитетот на Југоисточна Европа, се одбележа Денот на Албанската азбука (22. ноември 1908). Во оваа пригода вработените на УЈИЕ кои имаат десет години непрекинат работен однос на УЈИЕ им се додели рачен часовник и ректорот проф. д-р Замир Дика им се обрати на присутните.

„ Привилегија и задоволство е да се биде меѓу оние кои малку по малку со нивната посветеност и нивната работа ставија цигла врз цигла во изградбата на она што го имаме денес, модел на високообразовна институција , како што е нашиот Универзитет“ рече ректорот Дика.

„ Историјата не навраќа на оние вредности и процеси кои не прават единствени како нација . Можеби се е коинциденција , но роденденот на нашиов Универзитет е токму во ноември и се совпаѓа со главните настани на нашата нација – како што е азбуката на албанскиот јазик која беше резултат на Конгресот во Битола . Од основањето мисијата на Универзитетот на Југоисточна Европа беше јасно изразена, вклучително и заложбата за промоција на албанскиот јазик во високото образование, дополнително на напорите да се достигне извонредност во предавањето и во учењето. Без овие напори ние денес не ќе можевме да зборуваме за создавање еднакви можности во отворена средина и со мултијазични и мултикултурни перспективи“, додаде ректорот Дика.

„ Јас ќе споделам еден миг на рефлексија од состанокот кој го одржавме со надворешните евалватори од Хрватска, кои се сретнаа со студентите од Правниот факултет, на кој сите присутни меѓусебно се разбиравме на секој од јазиците кој го зборувавме, т.e., албански, македонски, англиски, хрватски и турски јазик. Тоа е вредност и заслуга на сите нас, “ рече претседателот на Одборот на УЈИЕ, проф.д-р Денис Фарингтон .

Во текот на оваа церемонија, избраните членови од Студентскиот парламент и Студентската асоцијација на УЈИЕ и студентскиот правобранител ги дадоа своите заклетви.

Google+