Конференцијата ја организираше Институтот за научно истражување „Макс ван дер Штул“ во соработка со Конрад-Аденауер- Штифтунг, Вилфрајд Мартенс Центар за Европски студии од Брисел и Центарот за истражување и креирање политики од Скопје. Конференцијата беше организирана како дел од серијата конференции „Дијалог за политиките на ЕУ“.
Експерти од областа, универзитетски професори, експерти за политиките на ЕУ како и некои универзитетски професори кои учествуваа во истражувачките студии за Европските истражувачки групи на Институтот Макс ван дер Штул ги презентираа своите трудови на оваа конференција
„Европската унија навлегува во нова фаза кога е реално да се очекува интензивирање на барањата од Брисел дека делувања за реформи – или барањата од Балканските земји – треба да намалат во популизмот (да се соберат повеќе гласови и да се одржи владеење ) во категорија на конкретни реформи особено во областа на јавните политики во согласност со критериумите за интеграција“, рече директорот на истражувачкиот институт, проф. д-р Ветон Латифи.
„Ние постојано секоја година добиваме исти забелешки од Европската комисија, почнувајќи од имплементацијата на политиките кои се однесуваат на политичките критериуми , владеењето на правото , меѓуетничките односи и односите со соседските земји“, рече Абдула Азизи, професор на УЈИЕ и член на истражувачкиот институт Макс ван дер Штул од групата за Европски студии .
Според професорот Горан Илиќ (од универзитетот „св. Климент Охридски“- Битола) состојбата не е толку црна. Според него, проблемот со името е единствената голема пречка за интеграција на земјава во Европската унија .
Деканот од Бизнис Школата во Будимпешта, Колеџот за меѓународен менаџмент и бизнис Тамаш Шемлер ги презентираше резултатите од истражувањето за јавните политики на ЕУ, особено во областа на буџетот за периодот 2014-2020, сметајќи го за соодветен одговор на реалните и комплексните предизвици на ЕУ.
Учесниците на научната конференција и препорачаа на Владата сериозно да им обрне внимание на забелешките кои доаѓаат од Брисел.
