Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Промоција на книгата за Албанците од Река во УЈИЕ -Скопје

„Албанците од Горна Река – наспроти предизвиците на времето“ е насловот на книгата која се промовираше во средата (5 ноември 2014 година) во Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје. Книгата претставува збир на научни трудови од разни автори, Албанци од Македонија.

Зборувајќи за книгата, проректорот за меѓународни односи, проф. д-р Блерим Река рече дека „албанскиот јазик бил и остана јазикот на Албанците од Река и ниту еден режим не успеа да го промени овој факт“.

Промоцијата на оваа книга е резултат на неколкугодишната работа, која се круниса со научна конференција, која се одржа минатата година во Леуново во Река, рече проф. д-р Веби Беџети.

Историчарот Неби Дервиши, истакна дека овој регион е преставува значаен дел од албанското битие.

Присутните на промоцијата го искажаа убедувањето дека оваа книга ќе биде основа за сите истражувања кои ќе се реализираат во иднина за Албанците од Река.

Google+